Младински Совет Охрид, преку Советот на млади на општина Охрид, организира  панел дискусија на тема ,,ЗДРАВА ХРАНА,, Панел дискусијата претставува почеток на кампањата за едукација на млади за навики во исхраната, при што посебно внимание ќе се обрне на здравата храна, анорексијата, булимијата и проблемот со телесниот изглед.

Панел дискусијата ќе се одржи во просториите на Факултетот за туризам и угостителство, денес, со почеток во 16.00 часот. На настанот предвиено е да зборуваат Димче Каневче, д-р Катерина Попоска, д-р Билјана Трајаноска и дефектолог Александра Апостолоска.

Кампањата започнува непосредно по повод Светскиот ден на здравјето и ќе се реализира во повеќе фази. Предвидени се едукативни средби со ученици од основните и средните училиѓшта, претставници на разни здруженија, како и работа со наставници и родители. Исто така предвидени се и промотивни настани на кои ке се промовираат здрави животни стилови, и алтернативни форми за здрав живот, посебно кај младата популација.

Оваа кампања е дел од програмата на работната група здравство и превенција од годишната програма на Советот на млади на општина Охрид.

OhridNews