МСО: “Законот може да помогне во организирање на младите“
10.09.11 07:15
По добиената поддршка од пратениците, Законот за млади ја мина првата фаза и ќе оди во понатамошна процедура. Во изготвувањето на законот учествуваа 28 невладини организации и претставници од институциите кои се занимаваат со оваа проблематика, а меѓу нив е и охридскиот Младински совет, чии конструктивни предлози беа имплементирани во законот. Околу законот и неговото значење OhridNews разговараше со претседателот на Младинскиот совет- Охрид, Димче Каневче.
OhridNews: Законот за млади ја мина првата фаза. Во јавноста имаше поделени мислења. Каква е вашата оцена?
– Законот за млади ја мина првата фаза после бројните партиски препукувања и имајќи во предвид дека кај нас се се` одвива партиски, а не политички, очекувам Законот да биде усвоен од мнозинството во Парламентот. Точно е дека имаше поделени мислења во врска со овој Закон што е и добро, но се поставува прашањето дали тие поделени мислења се чисто партиски или пак навистина има основа за да се крева толку голема врева. Познавајќи ги приликите кај нас, се работи за поделени мислења кои во јавноста се лесно препознатливи. Зошто се такви какви што се, земајќи го во предвид фактот дека реагира моменталната опозиција во Парламентот, а реагираат и здруженија кои сакале да признаат или не се блиски до опозицијата. Иако е тоа така, дел од забелешките кои беа изнесени се во ред и очекувам истите да го најдат своето место во Законот или во некои други подзаконски акти – рече Димче Каневче претседателот на МСО Охрид.
– Предлог Законот го имав на увид уште при неговата подготовка, затоа што сум Претседавач на Управниот одбор на коалицијата на младински организации СЕГА, која го водеше процесот за донесување на овој Закон од аспект на невладиното организирање и која со свои претставници учествуваше на работните состаноци при подготовката на предлог текстот на Законот. Законот, таков каков што е генерално е добар, опфаќа сегменти од младинското живеење а посебно од младинското организирање, впрочем во периодот додека се подготвуваше, се користеше и терминот закон за младинско организирање и овозможува младите да се чувствуваат посигурни и позаштитени, затоа што досега во отсуство на Закон овие работи беа опфатени преку Национална стратегија за млади на РМ, а прашање е колку и како истата се имплементираше. На локално ниво, онаму каде што има младински активни организации, се правеше преку локални стратегии за млади. Законот е правен користејќи ги компаративните искуства во Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, како и од Европската Унија, а за потребите на истиот, во Република Македонија беше спроведено истражување за младинските трендови, а направена е и компаративна анализа на домашната и европската легислатива која го регулира прашањето на младите, потенцира Каневче.
OhridNews: Според вас кои се најбитните приоритети на што треба да се обрне внимание?
– По природа сум прагматичар и ако сакате искрен одговор, ќе звучи по малку патетично кога ќе кажам дека за да работите функционираат не е потребна законска рамка во која ќе се одредат приоритети. Но кога веќе разговараме за нив, сакам да нагласам дека овој Закон може да помогне во организирањето на младите, посебно на оние кои се заинтересирани за тоа и да овозмози нивно соединување според различни интереси. Ако овој Закон се донесе во Собранието, треба здруженијата кои работат со млади и локалните самоуправи да најдат заеднички интерес и да започнат да го спроведуваат Законот на локално ниво, но не само теоретски со потпишување на одредени меморандуми или усвојување на развојни планови, туку и практично, со што би се покажале резултатите од донесувањето на Законот. Во овој контекст би сакал да казам дека на општина Охрид и преостанува теоријата да ја преточи во пракса, затоа што со досегашното работење има и тоае како голема основа и потенцијал приоритетните проблеми да ги решава организирано преку Советот на млади и младинскиот парламент, кои произлегоа како резултат на нашите залагања за подобрување на квалитетот на живеење на младите – смета Каневче.
OhridNews: Дали, вие како МСО бевте контактирани за некои од дадените предлози?
– Младински Совет Охрид беше вклучен во процесот, беа користени наши искуства од работењето, бевме консултирани по одредени прашања, а во крајната фаза од прибирањето на податоците, организиравме и јавна расправа на која беа поканети претставници од Министерството за Правда на РМ и Агенцијата за млади и спорт, а присуствуваа повеќе од 50 учесници од различни профили кои дискутираа за потребата од овој Закон и неговата имплементација. На наше големо задоволство во предлог Законот се наоѓаат дел од предлозите кои произлегоа од оваа јавна расправа во Охрид, како на пример дефинирањето на лицата кои се нарекуваат млади, дефинирањето на поимот младинска работа, како и внесувањето на поимот младински работник и неговото дефинирање – истакна Каневче.
OhridNews: Може и колку е “лесно” ваквиот закон да се имплементира во пракса?
– Се зависи од желбата на поединци, а кога велам поединци мислам и на индивидуи но и на институции кои треба да го спроведуваат. Факт е дека мал број луѓе ја знаат суштината на младинското работење, младинскиот активизам и младинското организирање. Декларативно ДА – знаат и се залагаат, но во пракса или кога треба конкретно да се реагира – НЕ. Значи и овој Закон ќе биде еден од многуте Закони кои требало да се донесат, а имплементацијата ќе зависи од желбата на поединците. Што се однесува до општина Охрид и до нашата работа и соработка, не верувам дека работите драстично би се промениле по донесувањето на овој Закон, но ќе се обидеме да го искористиме и да интервенираме онаму каде што ќе има можност за работа и соработка. Младински Совет Охрид е младинска организација, имаме формирано Совет на млади кој функционира како надворешно тело кое дава подршка на младите, на институциите и на локалната самоуправа, имаме формирано Младински парламент, а она што би требало да се случи по донесувањето на Законот е Советот на млади да стане официјално тело на локалната самоуправа, да помогнеме во младинското организирање во основните и средните училишта како и во факултетите и меѓу другото да заземеме повисоки позиции во националните И меѓународните институции, затоа што имаме и знаење и капацитети, кои треба државата да ги искористи – потенцираше Каневче.
OhridNews: Секојдневно сте во контакт со младите, сметате ли дека треба да се “ограничат’ со закон?
– Во една прилика, по повод меѓународниот ден на младите, 12 август, реков дека немаме активни млади и добив прилично неаргументирани критики, токму од млади кои спаѓаат во таа категорија која ја спомнав: неактивни, незаинтересирани, неиницијативни и со уште милион НЕ пред било кој збор кој би требало да се замени со нешто што би значело прогрес. Одговорот е јасен – младите, односно младинското организирање, нема потреба да се ограничи со Закон. Потребно е да имаме активни млади кои ќе знаат дека не треба да си член на партија за да си претседател на средношколска унија, дека не треба да постои организација формирана од некој партиски војник за да бидеш член во истата И да губиш време во неа само затоа што така сака партијата, дека ако си член на политичкиот подмладок не си таму само за лепење и прелепување на плакати за време на избори, туку дека треба да работиш за интересот на другите млади, без разлика дали се членови или симпатизери само на ,,твојата партија,, , дека си претставник на студентите во студентската организација затоа што си избран да ги застапуваш нивните интереси, а не да се прават ,,тајфи,, кои ќе ги гледаат само личните интереси. Од друга страна пак треба да има млади кои ќе знаат да се организираат и да стават крај на гореспоменатите појави. Законот тука можеби кје помогне, да не натера да започнеме со едукација на младите за нивните права и обврски во однос на младинското организирање, како и во самото младинско организиранје во институциите кои ги споменав погоре, основните и средните училишта, факултетите, политичките подмладоци.Можеби овој Закон кје го направи токму тоа – смета Каневче.
OhridNews: Колку младите се заинтересирани за законот, во вашите секојдневни конаткти, дали се интересираат, дали прашуваат што со законот ?
– Немаме официјални податоци околу тоа колку младите се или не се заинтересирани за овој Закон, но периодот кога оваа проблематика стана актуелна и не беше баш најпогоден за да се добие една слика што мислат младите. Како што кажав, сигурно повеќе ги интересираа летните журки, плажата, себе истакнувањето пред другите и сл, одколку нешто што можеби ќе им помогне да се променат себе си и да им помогнат на другите. На нашиот Фејсбук профил, еден од членовите на Младинскиот парламент објави вест за поминувањето на првата фаза од собраниската процедура, објавен на вашиот електронски весник, по што следуваа и коментари, што значи дека состојбата можеби оди на подобро и нешто ќе се менува – завршува Каневче.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуи...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, пси...
СВР Охрид ја известува јавноста дека, од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.