Исплатата на февруарските пензии во етапи заради заштита на пензионерите од КОВИД-19 ќе почне утре, 25 февруари, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.
За пензии до 11.000 денари, исплатата ќе се извршува утре, в петок (26 февруари) ќе се исплаќаат пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари. За пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари, исплатата ќе биде в понеделник, 1 март, а наредниот ден (вторник, 2 март) и ќе бидат исплатени и пензиите од над 18.001 денари.

Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, соопшти МТСП.
OhridNews












