
Како што информираат од МВР, од страна на припадници на СВР Охрид биле преземани мерки за остранување на лицата кои биле затекнати во кругот на училиштето како играат фудбал. Притоа била издадена наредба сите лица што не се ученици да го напуштат местото, дел од нив веднаш го сториле тоа, додека една група од неколку лица се оглушувала на наредбата. Во еден момент 21-годишен охриѓанец од групата упатил закани кон еден од полицијците, по што го оттурнал со двете раце во пределот на градите и силно го стегнал на левата рака. Истиот е приведен во Полициската станица во Охрид.
По целосно расчистување и документирање на случајот од страна на ПС Охрид против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












