Фабрис Муамба, кој на четвртфиналниот натпревар од ФА купот со Тотенхем, на теренот доживеа срцев удар, започнал да зборува.Оваа вест на агенцијата АП и ја пренел неговиот пријател, Куртис Кодрингтон, кој го посетил фудбалерот на Болтон, во болницата во Лондон.

Муамба кажал неколку зборови на англиски и француски јазик, по само неколку часа откако неговиот клуб објави дека тој и понатаму се наоѓа во критична состојба и покрај тоа што започнал да ги движи рацете и нозете.

Неговото срце започнало да чука без помош на лекарства.

„Срцето на Муамба чука без помош на лекарства. Сепак, не е возможно да се даде долгорочна прогноза, барем уште извесен период. Тој и понатаму е во критична состојба и под посебен лекарски третман во болницата Чест“, стои во соопштението на фудбалскиот клуб Болтон.

“макфакс“
Ohridnews