Првиот човек на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов не го криеше задоволството по пласманот во ТОП 12 на Македонија на Европското првенство во Данска.

– Првичната цел за ова Европско првенство ја остваривме сега се што ќе дојде ќе биде голем плус за нас. Ракометарите уште еднаш покажаа и докажаа како се бранат и сакаат боите на Македонија. Секоја следна победа на ЕП во Данска ќе значи уште некое место погоре и ќе покажиме дека ние сме ракометна нација – рече Мукаетов, кој беше на трибините во Хернинг, Данска.
Со пласманот во втората фаза македонската селекција може да го повтори и подобри успехот во Србија на ЕП пред две години кога го освои петтото место.
Фото : „Мкд.мк“
Мх.П.










