Мултимедијалниот проект „Ромео и Јулија“, со кој беше отворено последното издание на фестивалот „ Охридско лето“,  во изведба на Народниот театар од Охрид, Народниот театар од Битола, Македонската опера и балет, и театарот „Вера Комесаржевска“ од Санкт Петерсбург премиерно ќе биде изведен на 23 овој месец во Санкт Петерсбург.

Проектот на специфичен и интересен начин ја прикажува вечната приказна за Ромео и Јулија, преку различни изразни средства, обединувајќи ги во себе драмата, операта и балетот. Беспрекорната и динамична изведба на уметниците, визуелните и светлосни ефекти, како и специфичната сценографија од овој современ тетарски триптих направија вистински спектакал кој ја воодушеви публиката на отворањето на 52- то издание на „Охридско лето“.

Режисер  на „ Ромео и Јулија“ е Дејан Пројковски, а во претставата учествуваат повеќе од 30 актери, околу 40 балетски уметници, 70 музичари, хор, циркуски акробати и оперски пејачи.

OhridNews