Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе ја наполни касата од Европското првенство во фудбал кое се одржува во Франција.


УЕФА според последните проценки очекува добивка од 830 милиони евра од вкупната заработка која изнесува 1,93 милијарди евра. Добивката е 34% повеќе од Европското првенство што се одржа во Полска и Украина пред четири години.

Најголем приход УЕФА има од продажбата на ТВ правата кои изнесуваат 1 милијарда евра, потоа се спонзорските договори 480 милиони евра и продажбата на билети 400 милиони евра.


Трошоците за организација на ЕП изнесуваат околу 1,1 милијарда евра од кои, 650 милиони евра се за организација, 301 милион евра за награди и 150 милиони евра наменети за обештетување на клубовите кои ги ослободија играчите.

Па УЕФА очекува добивка од околу 830 милиони евра, од кои 600 милиони евра ќе бидат распределени на 55. членки, а 230 милиони ќе бидат потрошени на квалификациите за ЕП 2020 година.

OhridNews