Фудбалерите на Вардар на домашен терен против петкратниот руски шампион Зенит ќе дебитираат во групите во најмасовното клупско натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.

„Црвено црните“ со големи мотиви и без бело знаме ќе му се спротистават на Зенит, кој е еден од најбогатите клубови учесници во групната фаза.

– Голем и историски момент за сите во македонскиот фудбал. Сите со нетрпение го очекувавме стартот на групната фаза, кој воопшто нема да биде лесен поради името на нашиот прв противник. Во тимот сите силно посакуваме да ги израдуваме нашите навивачи и македонската фудбалска јавност од која очекувам голема поддршка. – изјави Чедомир Јанески.

Гостинските фудбалери предводени од италијанскиот стратег Роберто Манчини нескромно најавија атак на трите бодови.

– Го анализиравме Вардар до детаљ и можам да кажам дека гранитната одбрана и брзиот контра напад им се заштитен знак. Сите наши фудбалери кои се тука во Скопје се желни за играње и можам да најавам дека атакуваме на три бодови. – рече Манчини.

Од клубот апелираа за фер и коректно навивање. Натпреварот стартува во 21 часот и 5 минути. Во вториот натпревар од Л групата силите ќе ги одмерат Реал Сосиедад – Розенборг.

Двојки:

Група А: Славија Прага – Макаби Тел Авив, Виљареал – Астана

Група Б: Динамо Киев – Скендербеу, Јанг Бојс – Партизан

Група Ц: Хофенхајм – Брага, Истанбул Башекшехир – Лугодорец

Група Д: Австрија Виена – Милан, Ријека – АЕК Атина

Група Е: Аполон – Лион, Аталанта – Евертон

Група Ф: Копенхаген – Локомотив, Жлин – Шериф

Група Г: ФЦСБ (Стеауа) – Викторија Плзен, Хапоел Беер Шева – Лугано

Група Х: Арсенал – Келн, Црвена Ѕвезда – Бате Борисов

Група И: Олимпик Марсеј – Коњаспор, Виторија Гимараеш – Салзбург

Група Ј: Херта – Атлетик Билбао, Зорија – Остерсундс

Група К: Витесе – Лацио, Зулте Варегем – Ница

Група Л: Вардар – Зенит, Реал Сосиедад – Розенборг.

OhridNews