Еквадор нема да игра на Светското фудбалско првенство во Катар. Според „Мундо Депортиво“, ФИФА веќе ја донела соодветната одлука.
Како што пишува шпанскиот спортски весник, се очекува утре (10 јуни) официјално да биде објавено дека Еквадор нема да игра на турнирот во Катар, туку Чиле.

Да потсетиме дека во моментов се познати 30 селекции кои ќе учествуваат на Светското првенство.
Мундијалот во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.
OhridNews










