Според Муратовски на Конгресот присуствувале половина од вкупно 135 делегати, поради што на собирот во Охрид не можело правосилно да се одлучува.
– Ова е невалиден конгрес и прашање е колкав е вистинскиот број на присутни делегати. Ова е првпат УПОЗ да не учествува и тоа е една од срамните белези на овој Конгрес. Веројатно во некои други времиња тоа ќе биде една од причините за поништување на Конгресот и одлуките што ќе се донесат, рече Муратовски.
Новоизбраниот претседател на ССМ, ги отфрли обвинувањата на УПОЗ, за кои рече дека се несериозни.
-Станува збор за личност која не може да се помири со она што значи апсолутна поддршка на синдикатите во РМ на кандидатурата, така што станува збор за индивидуални обиди и желботеки што не соодветствуваат на сериозноста на организацијата што ја претставуваме, истакна Живко Митрески.