Португалскиот стручњак Жозе Мурињо го доведе првото засилување во Тотенхем, откако клубот од Лондон го ангажираше Жедсон Фернандез од тимот на Бенфика.

21-годишниот фудбалер во Тотенхем ќе се пресели како позајмен фудбалер од Бенфика на 18 месеци. „Петлите“ во текот на позајмицата можат да го откупат договорот на фудбалерот.

Тотенхем во трката за потписот на Жедсон Фернандез бил побрз од Вест Хем, кој прв остварил контакт со менаџерот Жорже Мендеш за фудбалерот, но не се договориле.

Мурињо и Тотенхем се наоѓаат на осмата позиција на табелата во Премиер лигата и заостануваат девет бодови од четвртопласираниот Челси.

OhridNews