Екипата на Милан во англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе добие силна конкуренција во ангажманот на шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ.

„Росонерите“ имаа контакти со Ибрахимовиќ и неговиот агент Мино Раиола но и Тотенхем се очекува решително да тргне по Швеѓанецот кој е слободен фудбалер. Како што пренесуваат англиските медиуми, Ибрахимовиќ е прва желба на Жозе Мурињо кој е нов тренер на екипата.

Ибрахимовиќ и Мурињо до сега соработуваа два пати. Тие заедно беа во Интер и Манчестер Јунајтед и воопшто не е чудно што португалскиот стручњак повторно го посакува. Ибрахимовиќ и ЛА Галакси не ја продолжија соработката после завршување на соработката и затоа фудбалерот е слободен за нов ангажман.

OhridNews