Во квалитативно очаен дерби натпревар Манчестер Јунајтед и Арсенал ги поделија бодови ремизирајќи (2-2) на Олд Трафорд во 15-та рунда од Премиер лигата. Пресметката ги исполни очекувањата, но грешките беа тие кои кумуваа за погодоците, а не добрите акции.

  • Постигнавме четири погодоци, а одигравме 2-2. Како и секогаш, направивме две грешки и скапо ги плативме. На дуелот со Арсенал благодарание на тимскиот дух и играта со срце се вративме и освоивме бод. Високото темпо на игра го држевме долго време и на крајот видлив беше уморот кај фудбалерите. Некои од нив воопшто и да не играа оваа сезона, но и тие покажаа љубов кон клубот и дресот на Манчестер Јунајтед. – изјави Жозе Мурињо.

Годинашниот дуел на Олд Трафорд беше прв после 28 години на клупата од Манчестер Јунајтед или Арсенал да нема еден од легендарните менаџери Сер Алекс Фергусон односно Арсен Венгер. Фергусон се повлече 2013 година, додека Венгер од Арсенал замина минатата сезона.

„Црвените ѓаволи“ со 23 бодови се наоѓаат на осмата позиција, додека „топчиите“ се петтопласирани со бод помалку од четвртиот на табелата, Челси.

OhridNews

Очаен фудбал и четири погодоци за реми на Олд Трафорд (видео)