Португалскиот стручњак Жозе Мурињо имаше успешен почеток на авантурата во Тотенхем совладувајќи го Вест Хем со 3-2 во градската пресметка, додека Манчестер Сити со 2-1 славеше во дербито со Челси во 13-та рунда од Премиер лигата.

„Петлите“, победата во лондонскиот дуел ја најавија со двата голови во првиот дел кои ги постигнаа Сон Хонг Мин и Лукас Мура. Во вториот дел, Тотенхем со погодокот на Хари Кејн зголеми на 3-0 а Вест Хем во 73-та и 90-та минута го ублажи поразот.

„Граѓаните“ се вратија од гол негатива и славеа во дербито со Челси на „Етихад“. Возбудувањата околу погодоците се случија во првото полувреме. Челси стигна до водство со голот на Канте во 21-та минута. Домаќините во 29-та минута преку Кевин де Брујне изедначија на 1-1 а до крајот на полувремето за комплетен пресврт погоди Ријад Марез. Тој резултат се покажа како конечен.

Резултати: Вест Хем – Тотенхем 2-3, Бурнмаут – Вулверхемптон 1-2, Арсенал – Саутемптон 2-2, Брајтон – Лестер 0-2, Кристал Палас – Ливерпул 1-2, Евертон – Норвич 0-2, Ватфорд – Барнли 0-3, Мен Сити – Челси 2-1

OhridNews