Тренерот на шпанскиот фудбалски првак Реал мадрид, Жозе Мурињо, на прес конференција изјави дека попрво би го загубил Суперкупот против Барселона, доколку за возврат би ја одбранил титулата.

За Мурињо мечот од Шпанскиот суперкуп нема никакво значење, па таа нема да ја одреди сезоната ниту на Барселона, ниту на неговиот тим.
„Доколку поразот во Суперкупот ќе биде мотивација да победиме во Примера, само кажете каде да потпишам. Но мислам дека тоа не оди така“, рече Мурињо