Баерн Минхен со погодокот на Марио Гомез во 90 минута од мечот се стекна со предност во пресрет на реванш мечот за седум дена во Мадрид. За тимот на Мурињо ова е само втор пораз во Лигата на шампиони, по оној ланскиот од Барселона со 2-0.


– Не е срамота да се загуби во полуфиналето од Лигата на шампиони, сепак сметам дека мечот требаше да заврши 1-1, бидејќи првиот гол на Рибери беше офсајд. И судиите се луѓе и тие може да згрешат, и покрај поразот во добра позиција сме – рече Мурињо.


Стрелецот на изедначувачкиот гол, Месут Озил додаде : Несреќно ги примивме двата гола.Сепак треба да се гледа позитивно на работите, победуваме во Мадрид и се враќаме на Алианц Арената на 19 мај во финалето.


Во победничкиот табор, расположението е на високо ниво и очекуваат со позитивен резултат од Мадрид, да бидат домаќини во права смисла на финалето.


– Сосема заслужена победа за нас. Реал добро започна но потоа ние ја превзедовме контролата на мечот и со паметна и стпрлива игра стигнавме до позитивен резултат. Играчите дадоа се од себе и на крајот стигна наградата за нивните заложби – истакна тренерот на баварците – Хејкенс.


Спортскиот директор на клуб Карл Хајнц Румениге, исто така ги пренесе своите импресии.- Беше тоа доста емотивен меч. Реал покажа дека е голема екипата.Единствено судијата не беше на потребното ниво. Реал во првиот дел играше одлично, и со реми против таков тим ќе бевме задоволни, но вака со победа сме уште посреќни – потенцираше Румениге.

Ohridnews