Со двата погодоци против Јувентус, Горан Пандев повторно го сврте вниманието на светската јавност. На неговата адреса пристигнуваат честитки, а не остана заборавен од својот поранешен ментор Жозе Мурињо.

                    

– Браво, Пандев. Тој секогаш ќе биде мојот шампион. Среќен сум за него. Горан е еден од оние мои играчи кои никогаш не можам да ги наречам поранешни. Против Јувентус одигра одличен меч, како што играше додека беше во мојот Интер. Тоа е голема сатисфакција за мене – рече тренерот на Реал Мадрид, Мурињо.

Пандев во ерата на Мурињно беше една од незамениливите алки. Со португалецот на чело Интер стигна до тројната круна. Пандев потоа ја продолжи жетвата освојувајќи го и светското  клупско првенство.

При неодамнешното гласање за најдобар тренер, капитенот на македоноската фудбалска репрезентација петте бода му ги додели на Мурињо.                                        

ohridnews