По честите повреди на бразилецот Марсело и Фабио Коентрао, тренерот на Реал Мадрид се врти кон нов фудбалер. “Специјалниот“ на радарот веќе подолго време го има членот на Тотенхем, Герет Бејл.

Според најавите од шпанските и англиските медиуми велшанецот во редовите на “кралевите“ ќе прејде за 50 милиони фунти.

Добрата соработка помеѓу Реал Мадрид и Тотенхем го прави трансферот на Бејл реален. Во летниот преоден рок хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ премина од Лондон во Мадрид.

Мх.П.