В недела во 17 часот на „Вембли“ водечкиот на табелата во Премиер лигата, Челси и Тотенхем ќе го одиграат финалето во англискиот Капитал куп.


– Финалето во Купот е најважниот натпревар во мојата кариера. Повеќе се фокусирам за ова финалето отколку за било кое во кое имам учествувано. Сакаме да го освоиме и не размислувам за пораз. Пред нас е финалето во недела и ништо повеќе не е важно. – рече Жозе Мурињо.

Во финалето „сините“ ќе настапат без Немања Матиќ, кој е суспендиран два натпревари, а „петлите“ немаат проблеми со повредни и казнети фудбалери.

Мх.П.