Англискиот премиерлигаш, Манчестер Јунајтед со празни раце се враќа од „Сент Јакоб“ стадионот во Базел, откако со гол во последната минута изгуби 1-0 и го претрпе првиот пораз во А групата. Стрелец на погодок вреден три бода беше домаќините беше Ланг во 89-та минута.
– Не ги обвинувам играчите за поразот. Мислам дека девет од десет вакви мечеви понатаму ќе ги добиеме. Во Базел изгубив и со Челси во последната минута, но тогаш игравме лошо за разлика од синоќа. Иако на Базел му требаше победа се одлучи да тактизира и да се брани со пет фудбалери позади. Ние и во таков случај створивме неколку изгледни прилики во првиот дел кој ако ги реализиравме ќе беше сосема поинаку. Излегувањето на Погба исто така мислам дека придонесе да ја изгубиме „власта“ на срединта од теренот. Уфрлив во игра искусни играчи, но тие не го сменија ритамот на играта. – изјави Мурињо.
„Црвените ѓаволи“ и покрај поразот остануваат на првата позиција во А групата и со изгледни шанси да го зачуваат после шестата рунда во која на домашен терен го пречекуваат тимот на ЦСКА Москва.
OhridNews