Португалскиот стратег на клупата од Реал Мадрид, Жозе Мурињо полека го губи трпението со хрватскиот плејмејкер Лука Модриќ околу адаптацијата на неговиот стил на игра. На неколку денови до истекот на летниот преоден рок Модриќ за 42 милиони евра премина во редовите на Реал Мадрид од Тотенхем.

“Специјалниот“ на дербито со Барселона прво му пружи шанса на Озил пред хрватот, а откако германецот ја напушти играта на негово место влезе Кака додека Модриќ целиот натпревар го помина на клупата.

Ваквиот избор на Мурињо испадна како добитен откако Реал Мадрид ремизираше со Барселона играјќи 2-2 а токму Озил беше асистент на вториот погодок за “кралевите“.

Мх.П.