Жозе Мурињо му порача на Вејн Руни дека има 48 часа да реши дали ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе се пресели во Челзи.


Јунајтед инсистира дека Руни не е на продажба, што менаџерот Дејвид Мојес и го демонстрираше, откако напаѓачот во понеделникот одигра 90 минути во дербито против Челзи (0-0).

„Време е да ја заврши приказната која ја започна. За доброто на сите мислам дека е време да каже дали заминува или останува. Подготвен сум да го чекам уште ден или два“, рекол Мурињо.

Руни, во понеделникот доби огромна поддршка од навивачите на Јунајтед, додека во исто време фановите на Челзи го повикуваа да му се приклучи на нивниот тим.

„Тој е голем професионалец, игра за клуб кој го плаќа и секогаш сака да победи. Се обидува да постигне гол. Одигра фантастичен меч во тешки услови. Многу фудбалери во ваква ситуација не би се обиделе да се докажат“, рекол Мурињо, кој ги пофалил и навивачите на Манчестер Јунајтед.

Менаџерот на Челзи нагласил дека Хуан Мата не е на продажба иако Шпанецот дербито со Јунајтед го мина на клупата за резервни фудбалери.

„Макфакс“