Реал Мадрид не успеа да стигне до финалето и до десетиот трофеј во Лигата на Шампиони. Втор пат во низа во ерата на Мурињо “кралевите“ се сопнаа во полуфиналето. Дали мечот со Борусија беше последен за Моу во “дресот “ на Реал во шампионската лига?


– Не знам дали ќе останам во Мадрид. Ќе одам таму каде што луѓето ме сакаат. Немам се уште донесено одлука за мојата иднина, бидејќи се уште сум под договор со Реал. Многу го почитувам претседателот Перезе и сакам со тримф во Копа Дел Реј да ја завршам сезоната. Потоа ќе седнеме на маса и ќе ги разгледаме сите опции. Англија? Да таму има еден клуб кој ме посакува. Во секој случај Реал е голем клуб кој заслужува да ја освои десетката. Мојата иднина не е важна, важна е таа на Реал Мадрид. Не се секирајте премногу за мене – рече контраверзниот Жозе Мурињо.

Шпанските медиуми шпекулират дека Перез веќе ја нашол замената на Жозе Мурињо во името на Карло Анчелоти.