Португалскиот фудбалски стручњак на клупата од Челси, Жозе Мурињо со интересни изјави го најави финалниот дуел со Тотенхем во Лига купот на Англија.


„Специјалниот“ првично истакна дека овој меч за него е најзначаен во неговата кариера, а се откри дека Тотенхем бил сериозно заинтересиран за неговите услуги по заминувањето од Стемфорд Бриџ.

– Кога заминав прв пат од Челси имав многу опции да преземам клубо од Англија, но јас решив и дадов збор дека тој клуб нема да е од Премиер лигата. Не дека несакав да останам во Англија туку многу ги сакам и почитувам навивачите на Челси. – рече Португалецот и се осврна на неговата иднина – Се е во рацете на сопственикот Роман Абрамовиќ. Јас ќе останам во Челси се додека сопственикот не ми нареди да си одам.

После авантурата во Челси еден од најдобрите тренери во светот го презеде Интер и го оствари најдобриот успех со клубот освојувајќи тројна круна.

Мх.П.