Жозе Мурињо го официјализираше четиригодишниот договор со лондонските сини и веднаш се фати за работа не оставајќи си простор за одмор.

Англиските медиуми пренесуваат дека прв пик за засилување на екипата ќе биде Весли Снајдер од тимот на Галатасарај.

Снајдер и Мурињо имаа успешна соработката во Интер, кога тимот од Милано освои тројна круна. Тогаш холандскиот репрезентативец беше најдобар играч на Интер, предводен од Мурињо на клупата.

Мх.П.