Жозе Мурињо во неделата беше на трибините на Олд Трафорд, каде го
гледаше дербито во Премиер лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

За англиските медиуми претстојниот осмина финален дуел на неговиот тим
со Манчестер Јунајтед, тој го нарече „натпревар кој цел свет сака да го
гледа“.

„Сите сакаат да го гледаат тој натпревар. Реал против Јунајтед, Сер
Алекс против својот пријател Мурињо. Штета што ова не е финале во Лигата
на шампиони“,
изјавил Мурињо, чиј тим во осмина финалето се пласира од
„групата на смртта“.

„Имаше некои групи, каде уште по два натпревара знаевте кој ќе биде прв,
а кој втор. нашата група беше една од најтешките, во неа играа три од
петте најдобри екипи во Европа – Реал, Борусија и Манчестер Сити“
, рекол
Португалецот.

Првиот осмина финален натпревар во Лигата на шампиони, Реал и Манчестер Јунајтед ќе го одиграат во Мадрид на 13. февруари.

“Макфакс