исмева Кристијано Роналдо, на тој начин покажувајќи дека не е во добри
односи со својот сонародник.
„Самостоен тренер станав во 2000 година, но пред тоа бев помошен тренер
во големи клубови и работев со големи тренери и фудбалери. На 30 годишна
возраст го тренирав Роналдо, не овој Кристијано, туку вистинскиот,
бразилскиот Роналдо. Го тренирав и Ривалдо, Фиго, Гвардиола, многу други
големи фудбалери додека бев многу млад. Бев и асистент, но чувствував
дека во своите раце имам потенцијал. Станав прв тренер во 2000 година, а
само четири години подоцна ја освоив Лигата на шампионите“, раскажа
Мурињо.
Португалецот открива дека уште минатото лето во Реал сакал да го донесе Герет Бејл.
„Барав од клубот да го купиме лани, но тоа не беше можно. Се чини дека
ова лето тој трансфер ќе се оствари. Среќен сум заради Реал бидејќи ќе
добие одличен фудбалер, но заради големата отштета Бејл ќе биде под
притисок да докаже дека вреди за парите“, рече Мурињо.