Мексиканската телевизиска куќа „Телевисиа“ сака во своите редови да ги види големите тренерски ривали, Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.
Телевизијата испратила понуди до двајцата тренери, за тие да бидат коментатори за време на Европското првенство. Мексиканската телевизија за 20 дена работа на Мурињо и Гвардиола им понуди по 1,5 милиони евра.
Поранешниот тренер на Барселона, Гвардиола, експресно ја одбил понудата, со образложение дека нема намера толку бргу да се враќа во фудбалот.
Жозе Мурињо сеуште не го дал својот одговор, најпрвин тој сака да ја разработи трансфер политиката за следната сезона. Португалецот сака да биде во Мадрид кога ќе се договараат трансферите на новите играчи на актуелниот шпански шампион.
Медиумската куќа „Телевисиа“ секогаш има атрактивни имиња кои работат како коментатори.
Тие плаќаат големи пари, но натпреварите на големите натпреварувања кои таа ги пренесувала, меѓу другите ги имаат коментирано Зинедин Зидан, Луис Фиго и Фернандо Мориентес
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...