Португалскиот стратег Жозе Мурињо и Реал Мадрид по завршување на сезоната ќе ја прекинат соработката. Ова го потврди претседателот на “кралевите“, Флорентино Перез на пресконференција.

– По разговорот со нашиот тренер, дојдовме до заклучок дека најдобро за двете страни е да се прекине соработката. Сакам да му се заблагодарам на Мурињо за трите прекрасни сезони и му посакувам многу среќа понатаму – истакна Перез.

На клупата од Реал Мадрид, “специјалниот“ освои една титулата во Примера, Копа дел Реј и Супер купот на Шпанија. Оваа сезона “кралскиот клуб“ не освои ниту една титула, а Мурињо комплетно ја загуби контролата на екипата по што разделбата беше неминовна.

На раскинувањето на договорот на Мурињо, најмногу се израдуваа навивачите на Челси, кои со отворени врати го чекаат Португалецот да се врати на „Стемфорд Бриџ“.

За наследник на португалскиот стратег се споменуваат екс тренерот на Челси, Рафа Бенитез и моменталниот “шеф“ во ПСЖ, Карло Анчелоти.

Мх.П.