Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо избегна било каква санкција од дисциплинската комисија во Премиер лигата по исклучувањето на дуелот со Саутемптон.
Главниот судија Крег Поусон по асистенцијата на четвртиот арбитар во последните минути од натпреварот го острани Мурињо од клупата од Манчестер Јунајтед.
Причината за искчлучувањето беше наведна во записникот, а се работи за тоа што португалскиот стручњак влегол во теренот каде што недозволиво.
Мурињо без никаков приговор го напушти своето место, а неговата екипа го задржа водството 1-0 и ги освои трите бодови во Саутемптон.
„Црвените ѓаволи“ со 16 поени го делат првото место со Манчестер Сити на табелата и наговестуваат жестока битка за титулата во новата сезона.
OhridNews