Голгетерската криза на Ромелу Лукаку продолжи во триумфот на Манчестер Јунајтед (4-2) на гостувањето кај Ватфорд. Два од четирите голови постигна Ешли Јанг, а по еден реализираа Ентони Марсијал и Џеси Лингард.
Белгискиот репрезентативец во првите десет меча за „црвените ѓаволи“ постигна 11 погодоци, а во вториот десет само еден и тоа против Њукасл за конечени 4-1.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо низ смеа прокоментира дека немањето на спонзор за копачки си го прави своето.
– Незнам дали забележавте, Лукаку играше со црни копачки поради немањето на официјален спонзор. Порано носеше Најк, а договорот му истече и чека некоја друга понуда. – изјави Мурињо, кој додаде дека нема место за паника, бидејќи робусниот фудбалер работи за добро на екипата.
Лукаку летово за 75 милиони фунти од тимот на Евертон се пресели на Олд Трафорд и стана еден од најскапите играчи на островот.
OhridNews