После победата над Манчестер Сити менаџерот на Челси, Жозе Мурињо го посочи масерот како клуч за триумфот 1-0 на „Етихад“.
– Пред мечот ништо не им зборував на играчите. Го оставив масерот Били да им се обрати на играчите. Сериозен сум – изјави Мурињо и на прашањето што му рекол тој додаде – Што им рече? Толку многу викаше на шкотски, што ни еден збор не го разбрав. Уааааууууаааауууааа! Ништо не разбрав, но играчите на крајот му аплаудираа. Тоа значи дека говорот бил добар.
Со освоените три бода „сините“ израмнија на табелата со Манчестер Сити, а заостануваат два бодови од лидерот Арсенал.
Мх.П.