Реал Мадрид по поразите од Барселона 4-3 и Севилја 2-1 заостанува три бодови на табелата од лидерот Атлетико Мадрид и два од каталонците на осум натпревари до крајот од шампионатот.

„Специјалниот“ ја спореди битката за титулата во англиската Премиер лига и шпанската „Ла лига“ и го пофали Атлетико Мадрид.
– Во Англија четири клуба се борат за титула додека во Шпанија три. До сега не беше така бидејќи само два тима диктираа темпо, а Атлетико Мадрид со помали финансии прави вистински чуда – заврши Мурињо.
Тој на клупата од кралскиот клуб помина три сезони и освои по една титула во националниот шампионат, Супер купот на Шпанија и „Копа дел реј“.
Мх.П.











