Мадрид, Хозе Мурињо продолжува со своите “фрик“ потези. По напуштањето
на “кралевите“ на Раул Гонзалес кој беше долгодишен капитен, лентата ја
презеде голманот Икер Касиљас. Но “специјалниот“ сака промени и
улогата во лидер на тимот да му ја предаде на Чаби Алонсо или Серхио
Рамос.
Разлог за тоа како што јавуваат шпанските медиуми е блискоста помеѓу
фудбалерите и притисокот што можат да го прават врз судијата низ целиот натпревар.
Во претходните екипи каде што Мурињо ја предводеше клупата, никогаш
капитенската лента не ја носел голман. Во Челси “врвцата“ ја носеше Џон
Тери додека во Интер, лентата му припаѓаше на Хавиер Занети.