– Не е лесно да се игра на нива за компири, уште повеќе против противник кој е ослободен психички и нема што да загуби – рече харизматичниот Жозе Мурињо, по триумфот на неговиот тим против Еспањол со 3-0.


Мурињо упати серија критики на теренот на кој кралскиот клуб ги игра натпреварите. Тој не ја пропушти можноста да ги “поздрави“ луѓето кои ја критикуваа(т) неговата работа.

– Роден сум во земја во која има 10 милиони тренери а работам во држава каде што има 40 милиони. Реалноста сепак е следна: Реал има само еден тренер и тоа сум јас. Само јас решавам кој ќе игра, кој не – рече португалецот.

Видео : Реал со “тројка“ го прати Еспањол

OhridNews