Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) го прогласи тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, за најдобар клупски тренер во 2010 година.  Мурињо по трет пат е избран за тренер на годината, предходно за најдобар ИФФХС го прогласи во 2004 и 2005 година.


Во гласањето во кое учествуваа стручњаци од 86 земји, Мурињо собра 294 бодови, додека второпласиран е предводникот на Барселона, Пеп Гвардиола со 188 бодови.

Титулата за најдобар клупски тренер Мурињо ја добива благодарение на изворедните резултати кои ги постигна со Интер, под негово водство тимот од Милано ги освои титулите во Серија А, Лигата на шампионите и Купот на Италија.

Листата на најдобри клупски тренери во 2010 според ИФФХС изгледа вака:
1. Жозе Мурињо 294 бодови
2. Пеп Гвардиола 188
3. Луи Ван Гал 75
4. Кике Санчез Флорес 46
5. Карло Анчелоти 41
6. Алекс Фергусон 38
7. Арсен Венгер 33
8. Целсо Суарез Рот 24
9. Рој Хоџсон 20
10. Ламине Н`Диаие

“Извор Макфакс“
Ohridnews