По заминувањето од “кралскиот клуб“, Жозе Мурињо полека го отвара срцето и ги кажува пикантериите кои го доживеал во тригодишниот престој. Најголем проблем на Мурињо во Мадрид бил Кристијано Роналдо.


– Имав голем проблем со Роналдо, кога ја критикував играта и тактиката на целата екипа. Тој се однесуваше како да знае се, а тогаш никој не може да му помогне
– рече Мурињо.

Кристијано Роналдо под палката на Мурињо имаше три фантастични сезони освојувајќи три титули и соборувајќи многу рекорди.

– Сигурен сум дека тие три сезони се најдобри во кариерата на Роналдо. Направивме тактика само за него да може да го покаже целиот квалитет, а и успеа во тоа – додаде Мурињо.

Мурињо по заминувањето од Мадрид се пресели во Лондон и ќе го води тимот на Челси, а лесно може да се случи двајцата следната сезона да се сретнат во Премиер лигата ако Роналдо се врати на „Олд Трафорд“.

Мх.П.