Тренерот на Реал Мадрид, по поразот на неговиот тим од Селта, во првиот
осминафинален натпревар во ’Копа дел Реј’, изјави дека вината за поразот
не е само негова.

Реал, како гостин во Виго, загуби со 2:1, единствениот гол за ’кралскиот
клуб’ го постигна Роналдо на три минути до истекот на регуларното
време, а Мурињо, разбирливо не беше задоволен од играта и резултатот. „Луѓето секогаш имаат право на свое мислење и можат да го критикуваат
тренерот. Но можеби не е секогаш вината само негова. Јас својата ја
прифаќам, и тоа е тоа“,
рекол Португалецот и додал : „Некои играчи ме разочараа, но не очекувајте да го коментирам настапот
на секој играч поединечно. Варан играше како вистински шампион. На
крајот тој се повреди, но претходно направи повеќе добри работи на
теренот од некои фудбалери кои целосно беа подготвени за игра“,
дополнил
Мурињо.

Реал, на победите ќе се обиде да им се врати викендов, кога како домаќин ќе игра против Еспањол.

“Макфакс“