Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо сезонава имаше тотален неуспех со екипата на Реал Мадрид. Последен, можеби и фатален удар за “специјалниот“ беше поразот од Атлетико Мадрид во финалето од “кралскиот клуб“.

– Ова е најлоша сезона во мојата кариера. За некои тренери ваква сезона би била успешна, но за моите стандарди оваа е разочарувачка – рече Мурињо.

Атлетико Мадрид со голот на Миранда по дополнителни продолженија од триесет минути го совлада градскиот ривал  и го освои трофејот во “Копа дел реј“.

– Атлетико не заслужи да го освои пехарот во Купот, но ете тие на крајот се радуваа. Имавме две стопостотни шанси за погодоци и три пати ја гаѓавме стативата. Затоа мислам дека не е фер што изгубивме. Но, голманот на Атлетико имаше фантастични интервенции, а и среќата беше на негова страна – заврши Мурињо.

“Специјалниот“ финалето на „Сантијаго Бернабеу“ го заврши предвреме откако во 78-та минута заработи црвен картон, а истата судбина го снајде Кристијано Роналдо.

Мх.П.