Во двомечот со Борусија Дортмунд, шпанскиот гигант остана дефицитарен за еден погодок и доживеа елиминација во полуфиналето. Високиот пораз на првиот натпревар во Дортмунд ги урна сите надежи за пласман на “кралевите“ во големото финале.


– Ова е неверојатно. Понекогаш губиш на лош начин, но тоа е фудбалот. Вината за елиминацијата ќе ја бараме во мечот, кој се одигра во Дортмунд. Одигравме за навивачите кои не престанаат да не бодрат. Требаше порано да постигнеме погодок, од чистите шанси кои ги имавме во првиот дел, тогаш ќе беше се поинаку – рече капитенот на “кралевите“ Серхио Рамос.

– Моите играчи дадоа се од себе. Да постигневме погодок побрзо можеше се да се случи. Атмосферата на Бернабеу беше фантастична, тие повеќе веруваа во нас отколку ние самите – истакна Мурињо.

Втора година по ред неприминлива пречка за “кралскиот клуб“ во 1/2 финалето е германски тим. Минатата сезона подобар на пенали од шпанскиот состав беше Баерн Минхен.

Мх.П.