Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо ја легна топката и изјави дека максимално се фокусира на дуелот со Мајорка во “Ла Лига“.
– Мечот против Мајорка е многу важен за нас, ќе играме во полн состав да го добиме натпреварот. Титулата во Примера е најважна во моментов и нема да калкулираме на овој дуел, односно на никој до крајот на сезоната – децидено истакна “специјалниот, Мурињо.
Пред почетокот на 18-та рунда бранителот на трофејот Барселона заостанува пет бодови зад водечкиот Реал Мадрид.