Португалскиот стратег Жозе Мурињо го официјализираше четиригодишниот договор со Челси, а на претставувањето си даде нов надимак и нема да го употребува повеќе „специјалниот“.

– Не сум повеќе „специјален“ сега сум само среќен што можам да работам во Челси. Времето лето тука пристигнав пред девет години, а мене ми се чини како да беше вчера – рече Мурињо и додаде – Жалам што не е повеќе Алекс Фергусон менаџер на Манчестер Јунајтед, но тука е Венгер, а „младите дечки“ Вилјаш Бојаш, Брендан Роџес и Стив Кларк не се повеќе млади тоа се се искусни менаџери.

Во трите сезони минати на „Стемфорд Бриџ“, Мурињо освои две титули во Премиер лигата, една во ФА Купот, но не успеа да ја покори Европа.

Мх.П.