Секое “Ел Класико“ си е своја приказна, на реванш натпреварот на Ноу Камп, Барса издржа против “лутиот“ ривал играјќи 2-2, првиот меч му припадна на избраниците на Гвардила со 2-1, и се пласираа во 1/2 финалето од “Копа дел Реј“.


На крајот, Барселона излезе посреќна.

Едноставно овде е невозможно да победиш, истата приказна ме чекаше кога гостував со Интер и Челси. Не сакам да говорам за судењето, на Ноу Камп дојдовме со голема самодоверба во себе, мислев дека може да се надигруваме – истакна Хозе Мурињо.


Фудбалерите на Реал Мадрид, по поништениот погодок на Рамос.

Најфрустриран од исходот на мечот беше голманот и капитенот на “кралевите“ Икер Касиљас кој рече – Тешеира сега можеш да му се придружиш на фудбалерите на Барселона каде ќе прославуваат.


Не издржа, Серхио Рамос заработи црвен картон.

 Во 1/2 финалето Барселона, ќе се сретне со подобриот од дуелот Валенсија – Леванте кој на програмата е денеска.

Мх.П.