Пораката по поразот од Барселона на португалскиот стратег беше јасна: – Една екипа одигра на највисоко ниво, додека другата не, ова е само еден пораз, а не омаловажување” . Минатата недела имавме поен помалку , додека  оваа ќе бидеме во два негатива “ – смета Мурињо.


Португалецот ги потсети домаќините, дека и лани на првиот натпревар со Интер беше поразен, но во полуфиналето ја елиминираше Барселона.

– Минатата година дојдов тука со Интер и во првиот натпревар загубив,потоа се вратив во полуфиналето од Лигата на шампиони, ја елиминирав Барса и го освоив трофејот. Овај пораз ќе не натера уште повеќе да тренираме и да им се вратиме на победите.

М.П.