Португалскиот стручњак кој е главниот виновник за трансферот на Пандев во Интер, Жосе Мурињо вели дека Горан ќе добие шанса на денешниот натпревар.

– Пандев ќе добие шанса. Не знам колку време, но сигурно ќе го испратам на теренот. Тој е страшно мотивиран и има голема желба да ја покаже својата класа. Можеби не е во топ форма, но ми рече дека подготвен да игра онолку колку ќе биде потребно. -рече Мурињо.

Интер во рамките на 16 коло утре на Марио Бентегоди ќе игра против Киево.

М.П.