Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, вечерва, по јубилеен 100-ти пат, на официјален натпревар, од клупата ќе го предводи Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“, во натпревар од 26-то коло во Примера дивизија ќе му гостува на Бетис. Весникот „Ас“ потсетува, дека, без оглед на резултатот, Мурињо ќе остане запишан како најуспешниот тренер во шпанскиот фудбал, по првите 100 натпревари.

Поранешниот стратег на Порто, Челзи и Интер, на клупата на Реал, во досегашните 99 натпревари, остварил 76,7 процентна успешност, со што го надмина колегата од Барселона, Пеп Гвардиола и легендарниот тренер на Реал Мигуел Муњоз – двајца на првите 100 средби, забележале 70 победи. Мурињо со Реал има учинок од 76 победи, 13 нерешени и 10 порази, со гол разлика 271-79.

Најубедливата победа ја забележа во куп натпреварот против Леванте, одигран минатата сеозна, Реал победи со 8:0, додека најтешкиот пораз го запиша против Барселона, лани во „Ел Калсико“ Барса победи со 5:0. Барселона е единствената причина што Мурињо досега има само еден трофеј со Реал, минатогодишниот пехар во „Копа дел Реј“. Португалецот, во досегашнитедесет соочувања со Гвардиола има само една победа, четири пати мечот завршил без победник, а Гвардиола пет пати бил поуспешен.

Реал на Мурињо сеознава постави уште еден рекорд во шпанскиот фудбал, екипата има 20 победи на последните 21 натпревар, или на два пати има низа од по десет победи, што досега не му успеало на ниту еден друг тим

извор “Макфакс“
Ohridnews