Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо важи за еден од тренерите со голем авторитет, но и тој има слаба страна, а таа е неговата сопруга Матилда.
Таа во 2007 година била против Мурињо да го преземе кормилото на англиската селекција, а веднаш потоа „специјалниот“ седна на клупата од Интер.
– Во тоа време не бев никаде ангажиран и неколку месеци седев дома. Поради почит кон Челси не седнав на клупата на екипи која доаѓа од Премиер лигата. Но, тогаш се отвори и една друга опција, а тоа беше преземање на селектороското место во англиската репрезентација. Самите фудбалери сакаа јас да бидам селектор почнувајќи од Тери, Лампард, Кол и фудбалери кои тогаш доаѓаа од Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Но, тогаш мојата сопруга ме советуваше дека таа работа не одговара за мојот темперамент и да ја одбијам. Тоа и го направив ја одбив и заминав во Интер – рече Мурињо.
Со „нероазурите“ Мурињо стигна до тројната круна, потоа замина во Реал Мадрид, а сега пак на менаџерското столче од Челси.
Мх.П.