Европскиот првак од 2010 година, Челси е првата англиска екипа која обезбеди пласман во 1/4 финалето сезонава откако Арсенал и Манчестер Сити натпреварите ги завршија во првата елиминациска фаза.

– Сосема заслужено обезбедивме пласман меѓу најдобрите осоум. Ми се допаѓа тоа како влеговме во натпреварот и оти ништо не оставивме на случајност. Одбранбениот тандем Кејхил – Тери одлично си ја заврши работата откако го неутрализираа Дидиер Дрогба – рече Мурињо.
Последна англиска екипа која ќе се бори за влез во најдобрите осум е Манчестер Јунајтед, кој има негатива 2-0 по првиот натпревар со Олимпијакос.
Мх.П.











