Европскиот првак од 2010 година, Челси е првата англиска екипа која обезбеди пласман во 1/4 финалето сезонава откако Арсенал и Манчестер Сити натпреварите ги завршија во првата елиминациска фаза.

На „Стемфорд Бриџ“ избраниците на менаџерот на Жозе Мурињо го совладаа Галатасарај со 2-0 и со вкупни 3-1 се спакуваат за 1/4 финале.

– Сосема заслужено обезбедивме пласман меѓу најдобрите осоум. Ми се допаѓа тоа како влеговме во натпреварот и оти ништо не оставивме на случајност. Одбранбениот тандем Кејхил – Тери одлично си ја заврши работата откако го неутрализираа Дидиер Дрогба рече Мурињо.

Последна англиска екипа која ќе се бори за влез во најдобрите осум е Манчестер Јунајтед, кој има негатива 2-0 по првиот натпревар со Олимпијакос.

 

Мх.П.